Фото: Shutterstock.com
Корисниците ќе можат уште околу година дена да се потпираат на „старата“ и позната десктоп апликација Outlook, што потоа ќе биде заменета со новата верзија базирана на веб апликацијата outlook.com. Оваа промена ќе важи за бизнис корисниците и оние кои плаќаат за Microsoft 365. За разлика од нив, оние кои ја користеа Mail апликацијата на Windows веќе се префрлени на новиот Outlook. Незадоволството на корисниците е забележително, што и не е изненадувачки со оглед на тоа дека софистицираната апликација направена специјално за десктопот е заменета со речиси веб-ориентирана верзија. Иако Microsoft постепено воведува нови карактеристики, новата апликација се уште не ги содржи сите функции од претходната.
Дополнително, новиот Outlook наидува на критики поврзани со приватноста, бидејќи Microsoft ја користи апликацијата за прикажување на персонализирани реклами врз основа на содржината на пораките. Додека оваа функција може да се исклучи, не е секогаш прифатливо кога ваквата опција е претпоставено вклучена.
За да ги ублажи реакциите од корисниците, Microsoft од овој месец ќе овозможи класичната и новата апликација да се користат заедно, така што двете можат да се активираат истовремено. Во случај корисниците да се вратат на класичната верзија, новата ќе биде минимизирана, но нема да биде отстранета. Се поставува прашањето дали оваа одлука е навистина во интерес на корисниците.
The post Microsoft овозможува истовремен пристап до новата и класичната Outlook десктоп апликација appeared first on 365.mk.


