Microsoft развива свој телефон?

Loading...

Откако Microsoft ја купи Nokia, на виделина излегоа повеќе позадински информации од овој договор. Наводно, Nokia тестирала Android на своите телефони пред финално да се согласи на партнерство со Microsoft.Американскиот гигант, пак, работел на свои Surface прототип телефони, за да види дали може да го „откачи“ финскиот партнер. Според информациите, Terry Myerson, човекот позади Windows, Windows Phone и Xbox оперативните системи, бил одговорен за развивањето на овие модели. 
Наводно, прототипите биле создадени „за секој случај“, односно доколку Nokia не склучи договор со Microsoft. Финската компанија е одговорна дури за 80% од сите уреди со Windows Phone, па навистина ќе беше проблематично доколку се одлучеше за користење на Android во иднина.
Бидејќи договорот е успешно склучен, мала е веројатноста да видиме телефон од Microsoft. Веројатно овие прототипи ќе бидат предадени на Nokia, а потоа би ги виделе телефоните под нејзиниот бренд.
Извор. GSM.mkАмериканскиот гигант, пак, работел на свои Surface прототип телефони, за да види дали може да го „откачи“ финскиот партнер. Според инфо

loading...
Loading...