Во судската пресуда која е донесена пишува дека за синот на Милан Поповиќ и Северина Вучковиќ би било најдобро родителите да се договорат за времето кое ќе го поминуваат со него, но пејачката цврсто стои до терминот кој судиите го одредиле.„Мајката инсистира на тоа да се држиме до пресудата и дека јас можам да го видам детето само во термините кои судот ги одредил. Категорично се спротиставува да бидам со син ми час повеќе од она што стои во пресудата“,вели Милан, кој вчера се разделил од синот по седум дневен заеднички одмор.
Објаснува дека успеал да го однесе детето на море. „Син ми беше со мене на одмор во терминот одреден со судска пресуда, а не затоа што дивата има меко срце, па дозволува детето да биде со татко му додека таа работи“, продолжува Милан и објаснува зошто мисли дека Александар трпи поради лошата комуникација помеѓу родителите.
„Пред да отидеме на море, морав да го вратам Александар кај мајка му на еден ден. Тоа го направив, бидејќи по одлука на судот, имав право да поминам со синот четири дена, па еден ден беше одреден за мајката, по што дојде на ред одморот со мене. За детето е напорно во два дена да помине голем број километри бидејќи дивата и јас не живееме во ист град“, вели Милан.
„Јас немам ништо против одлуката на судот, само сакам да бидам со детето кога таа е спречена поради обврските, а таа тоа го одбива иако никогаш не кажала зошто“, заклучил Милан Поповиќ.
„Мајката инсистира на тоа да се држиме до пресудата и дека јас можам да го видам детето само во термините кои судот ги одредил. Категорично с



