Милевски „СИГУРЕН“ во својот тим: Момциве ќе одиграат од срце

Тренерот на екипата на Вардар, македонскиот фудбалски шампион кој го чека тежок двомеч со силниот романски шампион Стеауа, вели дека е непотребно да се зборува за големината на противникот кој го очекува, верува во своите играчи за кои вели дека ќе одиграат од срце на двомечот со Стеауа.
„Непотребно е да зборуваме за големината на противникот кој не очекува. Секако максимално ја почитуваме Стеауа, но сето тоа само до почетокот на натпреварот. А на самиот дуел наша обврска е да се даде максимумот, да се остави позитивен впечаток, да се одигра квалитетно, а за каков резултат сето тоа ќе биде доволно ќе видиме по дуелот“ беше дел од изјавата на Милевски.
Раденко Бојовиќ пак вели дека тимот на Вардар оди во Букуреш да се надигрува и да избори добар резултат.
„Ние одиме во Букурешт за да се надигруваме и да избориме добар резултат кој потоа пред преполни трибини на нашиот стадион во Скопје, зошто и да не ни донесе пласман во следната рунда натпревари“ вели Бојовиќ.
Напаѓачот Костовски пак вели дека Вардар е подготвен за овој предизвик.
„Сосема сме подготвени за овој предизвик без разлика кој е противник пред нас. Лично сум убеден дека ќе приредиме изненадување во Букурешт“ вели Јован Костовски.

Изјави/Фото/Видео: fkvardar.mkТренерот на екипата на Вардар, македонскиот фудбалски шампион кој го чека тежок двомеч со силниот романски шампион Сте

Пронајдете не на следниве мрежи: