Милошоски: Заев е под притисок да спроведе редефинирање на државата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, обвини дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е под притисок да спроведе редефинирање на државата и затоа сака да ги замолчи пратениците.Според него, Заев е уценет од нарко-мафијашки структури, кои му помогнале на изборите. 
„Повикот за нелегитимен избор на претседател е повик за конфликт, тензии и државен удар. Од ударот кој се обидува очајнички да го изврши Заев, ќе патат само граѓаните“ – рече Милошоски.
Тој повторно повика на избори. Вели дека странците немаат право да се мешаат за тоа дали во Македонија треба или не треба да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
„Зоран Заев ја држи Македонија во криза. Нема доблест да прифати предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Тој е толку уценет и уплашен, што е спремен да оди на се или ништо. Тој како човек кој бил аболициран не треба да се надева на втора аболиција“ – вели Милошоски.
За Заев вели дека допрва ќе има афери кои ќе се отворат. 
Оваа прес-конференција беше одговор на онаа на Заев која се одржа денеска. Според него, Заев е уценет од нарко-мафијашки структури, кои му помогнале на изборите. 
„Повикот за нелегитимен избор на претсед

Пронајдете не на следниве мрежи: