Министер и без ресор и без диплома: Кого лаже Мерко дека докторирал?

Во записникот на Државниот просветен инспекторат, покрај Мерко, можат да се најдат и имињата не неговата ќерка Најмије Рамиз Мерко Забзун, неговиот син Генц Мерко, за кои Државниот просветен инспекторат утврдил дека немаат потврда за запишани докторски студии. На списокот се и останати професори и доценти на Универзитетот во Струга, како Беким Кадриу, Беса Кадриу, Мерсим Максути и другиПостојат неправилности и незаконитости во изборот на професори, доценти и асистенти на Универзитетот во Струга покажуваат податоците добиени од контролата што ја спровел Државниот просветен инспекторат во Меѓународниот универзитет во Струга. Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Рамиз Мерко, без нострифицирана диплома за завршени докторски студии, бил избран за доцент, а потоа и вонреден професор на универзитетот, објави ТВ Нова.
По контролата која била спроведена од 23 до 30 август минатата година Инспекторатот констатирал дека изборот на сопственикот на Универзитетот Рамиз Мерко за доцент, а потоа и за вонреден професор на овој Универзитет е незаконски според член 125 и 158 од Законот за високо образование. Инспекторите констатирале дека во досието на Рамиз Мерко нема диплома за завршен трет циклус на студии и доказ за нострификација. Наводно докторирал во Нови Пазар во 2012 година

„На денот на увидот во персоналното досие на доц. д-р Рамиз Мерко се констатира дека нема диплома со завршен трет циклус на студии и доказ за нострификација, што е спротивно на член 125 и членовите 158 и 159 од Законот за високо образование, од делот на еквиваленција и признавање на високообразовна квалификација“, стои во записникот.

По извршената контрола, инспекторатот исратил известување до Универзитетот во Струга, и до поранешниот градоначалник на Струга, Мерко, посочувајќи ги овие неправилности, и со решение го задолжил одговорното лице да преземе мерки за поништување на сите постапки во кои учествувал Мерко, откако се здобил со звање доцент. Тој бил член на комисија за магистратура. Извори од Државниот просветен инспекторат за ТВ Нова велат дека веќе е покрената и прекршочна постапка против поранешниот градоначалник на Струга.
Мерко во телефонски разговор за ТВ Нова вели дека целата процедура за нострификација на дипломата е започната пред една година и верува дека досега процедурата треба да е завршена. Додава дека ова е организирана хајка против него и Меѓународниот универзитет во Струга и вели дека нема ништо спорно и незаконски во неговиот избор за доцент, а потоа и вонреден професор на Унвиерзитетот во Струга.
На официјалната страница на Владата на Република Македонија во биографијата на министерот без ресор Рамиз Мерко стои дека завршил трет циклус на студии и дека од 2013 е избран за доцент, а потоа, во 2017 година и за вонреден професор иако Државниот просветен инспекторат во извршената контрола утврдил низа неправилности во изборот на наставно-научниот кадар.
Во записникот на Државниот просветен инспекторат, покрај Мерко, можат да се најдат и имињата не неговата ќерка Најмије Рамиз Мерко Забзун, неговиот син Генц Мерко, за кои Државниот просветен инспекторат утврдил дека немаат потврда за запишани докторски студии. На списокот се и останати професори и доценти на Универзитетот во Струга, како Беким Кадриу, Беса Кадриу, Мерсим Максути и други.Постојат неправилности и незаконитости во изборот на професори, доценти и асистенти на Универзитетот во Струга покажуваат податоците добиени од кон

Пронајдете не на следниве мрежи: