Министерката Арсовска-Томовска со факти против измислиците на Кирацовски: Во Македонија има 128.347 административци

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ги расчисти сите дилеми наметнати со шпекулациите на технички назначениот дополнителен заменски министер во МИОА Александар Кирацовски од СДСМ околу бројот на вработени во јавната администрација.Спротивно на тврдењата на Кирацовски, во Македонија бројот на врабтени во јавната администрација е 128.347 административци, како што уште еднаш потврди министерката Арсовска Томовска во интервју за „Вечер“.

-Од самите институции побаравме податоци за вработените и истите ги вкрстивме со податоците добиени од надлежните органи кои водат слични вакви евиденции. На тој начин, во Извештајот за 2015 година, преброивме 128.347 вработени, и нивниот број го објавивме институција по институција, за да нема никакви приговори. Овие и други податоци кои планираме да ги собереме во иднина, вклучувајќи ги половата, старосната, образовната и етничката структура, како и трошоците за плати на администрацијата, се од исклучителна важност за планирање на идните политики и тоа вработувањето, потребните профили на вработени, потребите за стручно усовршување, рационализација и мобилност на човечките ресурси и креирање на нов систем за плати во јавната администрација по принципот „иста плата за иста работа “- вели министерката Арсовска Томовска.
Министерката Арсовска Томовска се осврна и на обвинувањата на СДСМ дека оценувањето на администрацијата можело да влијае на изборниот процес. Според неа овие тврдења на СДСМ се беспредметни и досегашната пракса во изминативе десетина години  не покажала никаква корелација помеѓу оценувањето на администрацијата и изборниот процес.
-Најмалку 10-те изборни циклуси откако е воведено оценувањето, покажале дека не постои никаква, ама буквално никаква корелација помеѓу оценувањето на државните службеници и изборите. Еве вас ве прашувам, кажете ми, дали е логично, согласно нивниот предлог, после 15 години оценување во јавната администрација, да се откажеме од овој систем? Ајде тогаш, ако во изборни години го укинуваме оценувањето на службениците, да го укинеме и оценувањето на полнолетните средношколци, да престанат со испити студентите, да го укинеме системот на плата по учинок на докторите… да ја застанеме државата и така да создадеме услови за фер избори по мерка на опозицијата… Затоа тврдам дека ваквиот повик на дополнителниот заменик е само обид за политичко профитерство, и сакам тоа да и биде јасно на целата администрација. Мене ми е навистина жал што тој (Кирацовски,заб.уред.) си дозволи една група вработени во јавниот сектор, службениците, да станат предмет на дневно политичка злоупотреба. Наместо како вистински лидер, нешто што од него го бара функцијата, да ја поведе администрацијата во реформа, да каже добри сме, но ајде да бидеме уште подобри, тој одлучи целиот свој мандат да го потроши прво на нивна лична дискредитација и партиско етикетирање, а потоа и на поигрување со нивните чувства и вршење на психолошки притисок дека од политички или партиски побуди преку оценувањето ќе бидат казнети или избркани од работа. Вработените немаат страв од злоупотреба на оценувањето… тие се уплашени од заканата на опозицијата за бркање од работа на целата администрација. Да не заборавиме и дека личните податоци на вработените и нивните оценки беа праќани по партиски штабови и објавувани по медиумите, што зборува за крајно несериозниот пристап и политизирањето на оваа тема.“, вели во интервјуто за „Вечер“ министерката Арсовска-Томовска.Спротивно на тврдењата на Кирацовски, во Македонија бројот на врабтени во јавната администрација е 128.347 административци, како што уште еднаш пот

Пронајдете не на следниве мрежи: