петок, 13 ноември 2026
Најново

Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми 50 пропагатори да лажат за средба која не се случила

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако Владата предводена од Зоран Заев предзивика невиден скандал со лажни трвдења дека македонскиот премиер вчера остварил средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на состанокот посветен на реформа на Обединетите нации што го организираше претседателот Трамп.Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми дури 50 пропагатори, платени со народни за да ги лажат македонските граѓани за средба која воопшто не се случила.
Вчера попладне, македонскиот интернет-простор речиси беше преплавен од постови и твитови на лица кои воглавно се вработени во владиниот сектор за информирање со јавноста, кој е под палка на Роберт Поповски, а кои лажно лиферуваа информации дека Заев остварил средба со Трамп.
Сепак, на лагата и се кратки нозете и излезе на виделина дека немало никаква средба на Заев со Трамп, туку само ракување од половина секунда, кое го фотографира, верувале или не,шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Заев и пропагаторите на Роберт Поповски, платени со народни пари се обидоа да ги излажат македонските граѓани дека тој остварил средба со претседателот на САД, на која дури и било разговарано за неколку битни теми. Сепак, реалноста е дека за половина секунда ниту здраво не може да се каже.
-Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, информираа сдсмовските медиуми кои само станаа соучесници во лажењето на македонските граѓани и кои доколку имаат доблест, треба да се извинат за ваквите лаги.
На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.
Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина е интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда, и притоа на средба да изрази „поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“.Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми дури 50 пропагатори, платени со народни за да ги лажат македонските граѓани за средба која во

Поврзани вести