Министрите за привлекување инвестиции на депонија ке ја посетат Струга

Откако јавноста бурно реагираше за алармантната состојба со струшката депонија која 8 дена гори и ги труе граѓаните, претставници на владата излегоа на терен. Владата на Заев ги испрати Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ, двајцата министри без ресор задолжени за привлекување на инвестиции да ја посетат депонијата.
 Јавноста се прашува дали Шапуриќ и Мерко донеле инвеститори на струшката депонија или го скенираат просторот кој веќе со денови неконтролирано гори и го загрозува здравјето на граѓаните и преставува потенцијална еколошка катастрофа во пресрет на новата туристичка сезона во Струга.
Дополнително стружани се револтираат бидејќи на терен им се праќа Мерко поранешен градоначалник на Струга и одговорен за хаосот во општината, овојпат пресоблечен во министер за привлекување на странски инвестиции. Тие очекувале ако не Заев или некој од вицепремиерите , тогаш барем министерот за животна средина Садула Дураку, министерот за локална самоуправа Сухељ Фазлиу или министерот за земјоделие Љупчо Димовски да ги видат последиците од несовесното работење со депонијата и комуналните работи во општината.
 Јавноста се прашува дали Шапуриќ и Мерко донеле инвеститори на струшката депонија или го скенираат просторот кој веќе со денови неконтролирано гори

Пронајдете не на следниве мрежи: