МИОА: ФРОДЕМ и заменикот министер ја започнаа кампањата со политички манипулации и злоупотреба на вработените

Денеска имавме можност да видиме како дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, тврди дека на веб страницата на која го навел називот на министерството, а која си ја регистрирал на неговата домашна адреса во Битола, добил наводен список за изборни притисоци, кој според неговата изјава содржел имиња, презимиња, работни места, телефонски броеви и адреси од вработени во администрацијата, реагираат од МИОА.Интегрален текст од реакцијата на МИОА
Без да навлегуваме во точноста и основаноста на ваквите тврдења, укажуваме дека ваквиот начин на праќање и прибавување на податоци претставува реална можност од незаконско користење на лични податоци на граѓани, и ја повикуваме Дирекцијата за заштита на лични податоци да преземе активности од своја надлежност.
Министерството за информатичко општество и администрација укажува дека заштита на вработените од притисоци и уцени не се прави преку прес конференции и ја користи оваа прилика да ги повика и охрабри сите кои поседуваат било какви докази за ваквите тврдења, веднаш да ги проследат до директно до јавното обвинителство, со оглед што истите се основ за кривична одговорност. Доколку сето она што денес го слушнавме од ФРОДЕМ и од дополнителниот заменик министер остане само на изјави по медиумите, без никакви конкретни активности за заштита на вработените, оправдано може да заклучиме дека тие веќе ја започнаа својата изборна кампања – со политички манипулации, вршење прикриен притисок и злоупотреба на вработените. Ги потсетуваме, непријавувањето на кривично дело, исто така повлекува кривична одговорност за прикривачот.
На крај, да потсетиме дека Законот за вработените во јавниот сектор во членот 38 јасно ја уредува забраната за политичко дејствување на работното место, учеството во изборни активности или други јавни настапи од таков вид во работно време, како и носење или истакнување на партиски симболи во работните простории. Дополнително во членот 10 од Кодексот е уредена политичката неутралност на административните службеници, во смисла дека службениците ги извршуваат работите политички неутрално, не смеат да го застапуваат и изразуваат своето политичко уверување и да вршат политички активности на работа и не смеат да ја поткопуваат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор. Непочитувањето на овие обврски е основ за дисциплинска одговорност на вработените.
New layer…Интегрален текст од реакцијата на МИОА
Без да навлегуваме во точноста и основаноста на ваквите тврдења, укажуваме дека вак

Пронајдете не на следниве мрежи: