МИОА: Повлечен е предлог законот за кампањи на јавните институции

Потребата за доработка на текстот на Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции е причина за неговото повлекување вчера од собраниска процедура, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).- Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, Министерството презема обврска да ги разгледа добиените предлози и сугестии и да ги прифати оние кои ќе овозможат подобрување на текстот на законот, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на законот од Собраниска процедура. Можноста за повлекување на Предлог законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука, Министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на законот согласно добиените предлози и забелешки, се вели во соопштението.
Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции МИОА го изготви во насока на исполнување на барањето на Европската Комисија во однос на владиното рекламирање, утврдено во листата на Итни реформски приоритети од јуни 2015 година. Законот, соопштува ресорното Министерство, има цел да одговори на приоритетот за „воспоставување строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми”, како и „за обезбедување на целосна транспарентност на владиното рекламирање, не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините”.
МИОА истакнува дека очекува во следниот период сите засегнати страни со одговорно и конструктивно однесување да овозможат да се реализира исполнувањето на еден од итните реформски приоритети и да дадат свој придонес во изнаоѓање на долгорочно системско решение за ова прашање.- Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, Министерството презема об

Пронајдете не на следниве мрежи: