МИОА: Тоа што Шекеринска го најавува за шест месеци, веќе е во фаза на реализација

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја поздравува денешната прес-конференција на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која неслучајно ја презема работата на опозицискиот заменик министер Кирацовски и прв пат после цела година учество на опозицијата во Министерството почна да зборува за реални теми кои ги интересираат граѓаните. Но, истовремено, укажува дека тоа што таа го најавува за шест месеци, е веќе во фаза на реализација, се вели во реакцијата на МИОА.– Имено Министерството, со поддршка на УСАИД и експерти од катедрата за управно право на Правниот факултет во Скопје, веќе воспостави електронски Каталог на јавни услуги и внесе податоци за сите јавни услуги од областите здравство, образование, труд и социјала и транспорт. Во Каталогот, покрај потребните документи за остварување на правата на граѓаните и нивната цена на чинење, содржани се и податоци за надлежните институции кои ги издаваат овие документи, роковите за добивање на услугите, податоци за правни лекови и други релевантни податоци, стои во реакцијата на МИОА.
Воедно, од МИОА, наведуваат дека укинувањето на документите и доказите кои непотребно ги оптоваруваа процедурите го завршиле во јануари оваа година кога 169 материјални закони биле усогласени со новиот, европски Закон за општата управна постапка, додека задолжителната размена на документи по службена должност меѓу институциите била воведена уште во 2014 година, со донесување на специјален закон за оваа намена.
Што се однесува до најавата за двосменска работа на администрацијата, се посочува дека во Министерството веќе се прават анализи за најоптималниот модел кој од една страна ќе обезбеди можност граѓаните своите обврски да ги реализираат надвор од нивното работно време, а од друга страна нема да предизвикаат дополнителни трошоци за администрацијата, меѓу кои е и воведувањето на работна сабота.
– Без оглед што денес слушнавме застарена идеја, искрено се надеваме дека во иднина ќе слушнеме барем еден корисен предлог. Реформата на јавната администрација е наш заеднички интерес и интерес на сите граѓани на нашата земја, се посочува во реакцијата на МИОА.– Имено Министерството, со поддршка на УСАИД и експерти од катедрата за управно право на Правниот факултет во Скопје, веќе воспостави електро

Пронајдете не на следниве мрежи: