Таа е втор најбогат модел на светот, има своја компанија и се грижи за тригодишниот син. Миранда кер, и покрај бројните обврски, никогаш не можеме да ја видиме без совршена фризура и облека. На својот блог, Миранда ја открила тајната на својот совршен изглед и колку време и треба да се подготви наутро.„Поради обрските околу детето обично имам само 15 минути наутро да се подготвам. Прво обавезно пијам чаша топла вода со лимон. Овој напиток го поттикнува варењето во текот на денот, го чисти организмот, го подига имунитетот.
Пред да влезам да се туширам, го тријам телото со четка. Тоа е одлично за поттикнување на циркулацијата, тргање на мртвите клетки од кожата и детоксикација. Почнувам од нозете и продолжувам нагоре. Тоа воопшто не одзема многу време, а одлично е за вас.
По туширањето го нанесувам и својот омилен путер за тело, а потоа се шминкам. Не сакам пудри, па наместо тоа ставам тонирана крема која одлично покрива и дава свежина на лицето. Потоа нанесувам маскара и молив за веѓи. На крај нанесувам само балзам за усни.
Зелен сок од свежо овошје и зеленчук е одличен за вашиот крвоток. Зелените сокови се полни со витамини и минерали поради кои кожата ќе ви биде чиста а очите бистри“, советува Миранда.
„Поради обрските околу детето обично имам само 15 минути наутро да се подготвам. Прво обавезно пијам чаша топла вода со лимон. Овој напиток г



