МИРКУЛОВСКИ И СТАНИЌ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА СВЕТОТ

Филип Миркуловски и Дарко Станиќ ќе бидат повикани да настапат за селекцијата на светот. Се работи за ревијален натпревар против репрезентацијата на Египет, кој треба да се одигра во средината на јуни, откако ќе завршат баражите за СП 2015 година, а планирано е да се игра во Каиро.Според информацијата, селектор на селекцијата на светот ќе биде Хрватот Славко Голужа, кој е селектор на Хрватска.
На списокот од 25 ракометари, меѓу другите, се наоѓаат Вори, Штрлек, Копљар, Дувњак, Лазаров, Дибиров, Карабатиќ, Шмал, Агуинагалде и други.
Ако се потврди оваа информација, тогаш првпат ќе имаме македонски ракометари во една селекција на светот, а посебна чест би бил настапот на двајца ракометари на Металург.
Позитивно изненаден од информацијата, Филип Миркуловски ни изјави: „Тоа би била огромна чест за мене и сон на секој активен ракометар. Би ми било огромно задоволство да настапам за една таква селекција, како ракометар на Металург и како Македонец“.
Извор: rkmetalurg.mkСпоред информацијата, селектор на селекцијата на светот ќе биде Хрватот Славко Голужа, кој е селектор на Хрватска.
На списокот од 25 ракоме

Пронајдете не на следниве мрежи: