МИРОСЛАВ ИЛИЌ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Лекарите не можат да…

Мирослав Илиќ се соочува со здравствени проблеми веќе две години, а дополнителна грижа за него претставува фактот дека лекарите сѐ уште не можат да ја откријат причината за неговата болест.Славејот од Мрчајевци откри дека во овие пролетни денови чувствува мачнина и малаксаност поради алергија и дека неодамна завршил на инфузија.
-„Веќе две години се мачам со алергијата и често не се чувствувам добро. Лекарите никако не успеваат да отркијат на што сум алергичен и се нервирам поради тоа. Почитувајќи ги сугестиите на лекарите, ги направив сите можни анализи, но и понатаму не знаеме што би требало да избегнувам за да си ја олеснам ситуацијата.
Најлошо е кога ќе дојде пролет. Тогаш ми е многу лошо, посебно поради тоа што постојано сум на патувања поради настапи“, рекол Мирослав, кој се надева дека неговата здравствена состојба ќе се стабилизира до финалето на „Ѕвездите на Пинк“ кое ќе се одржи кон крајот на јуни.
-„Инаку, не се гушам, туку само ми се затнува носот. Да биде полошо, имам проблеми со синусите и кога ќе ми се интензивираат тие реакции дишењето ми станува отежнато. Пред неколку дена не ми беше добро, па морав да одам на клиника и да примам инфузија. Тогаш, лекарите ми дадоа витамински коктели кои се добри при таквите ситуации“, завршил Мирослав.Славејот од Мрчајевци откри дека во овие пролетни денови чувствува мачнина и малаксаност поради алергија и дека неодамна завршил на инфузија.

Пронајдете не на следниве мрежи: