Мировниците на ОН префрлени на сириско-јорданската граница

Групата од 21 набљудувач на Обединетите нации, кои пред три дена ги заробија сириските бунтовници, префрлени се на границата меѓу Сирија и Јордан и во тек е нивното предавање на јорданските власти, изјави во саботата извор од редовите на бунтовниците и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата пренесува дека филипинските мировни набљудувачи, кои припадниците на бригадата Мачениците на Јармук од средата ги држат во селото Џамла, во тампон зоната меѓу Израел и Сирија на Голанската висорамнина, ги префрлиле бунтовниците. Извори од нивните редови потврдиле дека заложниците пристигнале на границата. Засега нема коментари од јорданските власти, ниту од Меѓународниот Црвен крст кој ја најави дека ќе биде подготвен да ги прифати набљудувачите кога ќе ја напуштат Џамла. Сириските бунтовници бараа сириските владини сили да ја напуштат областа на Голанската висорамнина, а Дамаск одговори дека ќе преземе акција да ги ослободи мировниците. Набљудувачите се во состав на мисијата на светската организација UNDOF, задолжена за прекин на огнот меѓу Израел и Сирија на Голанската висорамнина од која дел окупираше израелската армија во војната од 1974 година.
МакфаксГрупата од 21 набљудувач на Обединетите нации, кои пред три дена ги заробија сириските бунтовници, префрлени се на гра

Пронајдете не на следниве мрежи: