Мисајловски: Постојано се комуницира со одговорните лица на терен за механизација

Министерството за транспорт и врски заедно со Јавното претпријатие за државни патишта со сите нивни ресурси успеа да обезбеди дополнителна механизација, алат и работна сила во сите населени места и обиколницата од преку 50 приватни фирми, локалните самоуправи, јавните претпријатија, државните институции и други, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на собраниската седница.Исто така, нагласи тој, на постојана основа се комуницира со лицата определени за одговорни од страна на компаниите кои отстапија механизација, се со цел навремено извршување на работите на критичните места и полесна координација.
-По интезивното невреме со пороен дожд, кој што предизвика поплавување и оштетување на делници на обиколницата на Скопје, на 06 август 2016 година, Јавното претпријатие за државни патишта веќе наредниот ден излезе на терен за да изврши увид во направените штети и да предложи План со градежни работи за фазно санирање на најоштетените делници на обиколницата на Скопје, а со оглед на големината на оштетувањата и потребните средства за санација. Со оглед на обемот на оштетувањата, обиколницата мораше да се затвори за сообраќај. Така, прв приоритет беше истата да се оспособи за сообраќај. ЈП „Македонија Пат“ со помош од градежната оператива во Република Македонија, пристапи кон преземање најпотребни активности за ставање во функција на обиколницата на Скопје, рече Мисајловски.
За цел пуштање во функција на делот од обиколницата кој е оштетен од поплавите, преземени се следните активности:
Се исчисти наносот и калта со отпадоци од двата коловоза на сите оштетени делови, најмногу на делницата од клучка Хиподром (односно од км 1+100) до км 6+500;
Се расчистија пристапните патишта и клучките, но таму сообраќајот се одвива под присуство на полицијата со пренасочување на возилата надвор од пристапите кон најпогодените населби: Стајковци, Синѓелиќ, Црешево, Смилковци и Ченто;
На делниците со најголеми оштетувања, каде имаше деформација, испукување и однесување на асфалтот, во должина од околу 1 км на двата коловоза, се пристапи кон поставување на слој од тампон со израмнување на делницата за одвивање на сообраќај. Сообраќајот на тој дел по тампон, се одвива според одобрен времен режим на сообраќај, со поставена дополнителна вертикална сигнализација за ограничување на брзината на движење на 30км/ч.;
Во соработка со другите надлежни институции, на влезовите/излезите од обиколница се поставени корита со средство за дезинфекција;
Се вади оштетената заштитна еластична ограда и жичената ограда од автопатот и истата се складира во ЈП „Македонија Пат“. На тие места ќе се постават нови заштитни огради;
Осветлувањето на обиколницата се уште не е во фукција заради оштетувања на мрежата, поради искинати кабли, срушени канделабри и други оштетувања. Поради потребното време за скенирање на состојбата и поради големото присуство на влага и на одредени делови, вода, уште некое време осветлувањето не ќе може да се стави во функција.
Започната е постапка за проектирање и реконструкција на делот од обиколницата зафатени од поплавите.
Започната е постапка за дополнителна набавка на механизација на подолг временски период за расчистување на поплавените подрачја.Исто така, нагласи тој, на постојана основа се комуницира со лицата определени за одговорни од страна на компаниите кои отстапија механизација, се

Пронајдете не на следниве мрежи: