Мистеријата откриена: Кое е вистинското име на Сека Алексиќ?!

Откако јако ја „спукаа“ познатите српски пејачки Сека Алесиќ и Јелена Карлеуша, во српските медиуми излезе извод од матично на новородени, каде што се откри кое е вистинското име на пејачката Сека Алесиќ. Со години во српските медиуми се шпекулираше дека името на Сека Алексиќ не е вистинско и дека нејзиното вистинско име е Зухра Рамизај. 
Според најновиот доказ, односно изводот од матична книга на родени во Србија, Сека Алексиќ навистина така се вика, односно целосното име кое е на документот е Светлана Алексиќ. 
Единствена промена во нејзиното име е откако е во брак со Вељко Пиљикиќ и само го додала неговото презиме. 
Со ова е разрешена мистеријата, каде што Јелена Карлеуша ја нападна Сека Алексиќ по социјалните мрежи дека не е вистинска и дека е измамничка. Со години во српските медиуми се шпекулираше дека името на Сека Алексиќ не е вистинско и дека нејзиното вистинско име е Зухра Рамизај. 

Пронајдете не на следниве мрежи: