Мистериозен смртен случај во Македонија

Сведоци сме на најразлични смртни случаеви низ светот, кои до денес останале вистинска мистерија за пошироката јавност. Покрај светот и во Македонија постојат смртни мистерии на познати личности за кои сеуште е мистериозна причината за нивната смрт. 
При истражување на оваа тема наидовме на мистериозна смрт на Панче Неделковски – Полошки. За повеќето можеби оваа личност не е посебно значајна ниту пак позната. 
Панче Неделковски – Полошки бил македонски воен пилот, кој бил на служба во Белград во далечната 1945-та година. Неговата смрт е доста мистериозна, а се случила на 10 октомври 1945-та година. 
Пилотот со авион тргнал кон Скопје, но никогаш не стигнал. Тој до Краљево со својот екипаж стигнал без проблеми. Меѓутоа, само што летнале од аеродромот  за Скопје, некаде на надморска височина од 100 метри, авионот одеднаш почнал да паѓа, според очевидците. 
Други пак, велат дека се запалил, па паднал во реката Ибар, близу градот. Сите патници и пилотот загинале во оваа авионска несреќа. 
Панче кој неколку пати се креваше на Белградското небо на шести април 1941 година и водеше воздушни битки со германските штуки,ја загуби оваа битка на небото кое многу добро му беше познато. 
По повод оваа авионска несреќа се подигна официјална постапка за утврдување на причините за несреќата. Беа формирани и неколку комисии од страна на Воздухопловната команда, но за нивни наоди не беа известени ниту семејствата ниту јавноста.
И покрај инсистирањето на семејствата на загинатите,несреќата остана под превезот на таинственоста и до ден денес не е познато како овој воен пилот го напушти овој свет.
Во јавноста се слушаа разни претпоставки,за наводна саботажа од страна на непријателски елементи. Се посочуваа како виновници пчетничките елементи меѓу техничкиот персонал во Краљево кои намерно ја олабавиле елисата од авионот.
Друга верзија беше дека авионот снемал бензин,односно резервоарот бил продупчен на неколку места и заради истекување на бензинот авионот паднал. 
Без разлика која верзија е точна, сепак тоа нема да се дознае набрзо, а смртта на Панче и понатаму ќе биде дел од македонските мистериозни смртни случаеви.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сведоци сме на најразлични смртни случаеви низ светот, кои до денес останале вистинска мистерија за пошироката јавност

Пронајдете не на следниве мрежи: