Мистериозна кутија стоела 7 дена на аеродром: Кога вработените ја отвориле, се запрепастиле

Вработените на аеродромот во Бејрут(Либан) пронашле чудна дрвена кутија со неколку дупчиња, без било каква адреса, која неколку дена никој не дошол да ја земе.По една седмица службениците одлучиле да ја отворат, бидејќи почнале да се сомневаат дека претставува потенцијална опасност по безбедноста. Донекаде и биле во право, но таа „потенцијална опасност“ била во многу рана фаза.
Во кутијата имало три сибирски тигарчиња. Изненадувачки, тие останале живи, но биле во критична состојба, изгладнети, дехидрирани и многу исплашени. Властите веднаш ги повикале ветеринарните служби и животинчињата биле згрижени. Моментно, тие се во зоолошката градина во Бејрут.
Се уште не познато кој е испраќачот, ниту пак, за кого била наменета пратката.
По една седмица службениците одлучиле да ја отворат, бидејќи почнале да се сомневаат дека претставува потенцијална опасност по безб

Пронајдете не на следниве мрежи: