Мистериозна светлина на небото ги збуни Скопјани

Светла точка што пулсира и менува движење вчера меѓу 20 и 21 часот стави на ум повеќе скопјани околу сопственото убедување за живот надвор од Земјата.Светлината изгледала како да гори, брзо и нерамномерно го менувала движењето, но и интензитетот, а потоа уште позабрзано ја снемало од видикот. Глетката траела неколку минути.
„Не ми е логично да е хеликоптер, авион или некоја комета. Постојано кружеше, се префрлуваше од лево кон десно, горе-доле. Немаше одредена траекторија. Неколку пати го зголеми обемот, а го намалуваше и зголемуваше и интензитетот на светлото. Досега не сум видел такво нешто. Се’ уште не верувам дека е некакво НЛО, па затоа и барам објаснување“, вели постар граѓанин од Карпош што сакаше да остане анонимен. Помлада скопјанка само го потврдува сведоштвото од господинот. Според неа, светлата точка по многу нешта се разликувала од околните ѕвезди.
„Како е можно да се појавува таква светлина? Појавата ме збуни, ми делуваше како некој феномен. Сигурно не беше трепкање од стандардно летало“, смета младата читателка.
Астрономите упатуваат на логично објаснување. Не се приклучуваат кон мистериозниот момент меѓу граѓаните. Велат се работи за еден од многуте вештачки сателити кои се движат по сопствени кружни орбити. Понекогаш можат да се забележат и по стотина сателити во една ноќ. Ништо чудно, натприродно или вонземско.
Повеќе на mkd-news.com
 Светлината изгледала како да гори, брзо и нерамномерно го менувала движењето, но и интензитетот, а потоа уште позабрзано ја снемало од видико

Пронајдете не на следниве мрежи: