сабота, 14 ноември 2026
Најново

Митов: Ефектите од кампањата за здрава храна можат да се видат уште сега

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од повеќето проекти кои што би го издвоил е кампањата за здрава храна, здравјето е избор и таа кампања на владата на Република Македонија наиде на многу позитивни критики. Секогаш кога е во прашање јавното здравство, односно превенцијата не секогаш е видлива во истиот момент, туку резултатите доаѓаат години и децении подоцна, вели доктор Александар Митов, советник за здравство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Има неколку позитивни ефекти кои што можеме да ги кажеме уште сега: Прво темата за здрав живот и за здрав начин на живеење се отвори и стана многу поприсутна, можеби беше присутна и претходно, но сега може да се види, на социјалните мрежи, на утринските програми, на телевизиите, а со ова може да се види и како кампањата по ова како стана начин на живеење. Втората придобивка која би ја истакнал е придобивката на индивидуално ниво, имено познавам луѓе кои биле инспирирани од таа кампања да направат нешто и на тој начин да го подобрат своето здравје. Третата придобивка можеби и најбитна е придобивката која се однесува на здравствениот систем, бидејќи здравствениот систем со ова би заштедил огромни средства што потоа би ги пренасочил кон други активности, истакна Митов.
Тој исто така вели и дека превенцијата и тоа како е паметна и исплатлива работа, тој посочи на најпознатиот пример во Финска каде што за 35 годишен период смртноста од срцеви удари е намалена за 85 отсто, но сепак за да се случат овие  придвижувања бараат многу подол долгогодишен период.
-Владата инвестираше во тој ангажман и ние во иднина само можеме да ги чувствуваме придобивките од тој ангажман, потенцираше Митов.-Има неколку позитивни ефекти кои што можеме да ги кажеме уште сега: Прво темата за здрав живот и за здрав начин на живеење се отвори и стана многу

Поврзани вести