Мизо: Со намалување на невработеноста ќе растат и платите

Со намалување на невработеноста ќе растат и платите. Тоа е позитивно за сите граѓани на Македонија, истакна Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за ТИРЗ, на денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.Мизо потенцираше дека инвестирањето на странските компании многу влијае на намалување на невработеноста.
-Намалувањето на невработеноста од 38 на 24 проценти е многу важна, рече Мизо и додаде дека потоа ќе следува и зголемување на платите.
-Веќе 10 години сум вклучен во прцесот на привлекување на странски инвестиции. На почетокот се правеше анализа како и кој вид инвестиции да се привлечат во Македонија. Голем број компании кои ја разгледуваат Македонија сакаат да видат кои инвеститори се веќе тука, како се вклопиле, дали добиваат поддршка од државата, дополнително сакаат да видат и каква работна сила може да најдат, дали може да ги обучат луѓето…
Истакна и дека странските компании досега имаат креирано 17.000 работни места, а до крајот на годината се очекува бројката да изнесува и до 18.000.
Мизо потенцираше и дека странските компании соработуваат со домашните компании, а на тој начин почнува да се раздвижува и пазарот на труд.
-Многу е важно и тоа што компаниите кои инвестираат не се фокусираат само во Скопје, туку во повеќе градови, а тоа овозможува младите да се задржат тука, рече директорот на Дирекцијата на ТИРЗ.
Мизо потенцираше дека инвестирањето на странските компании многу влијае на намалување на невработеноста.
-Намалувањето на невработеноста од

Пронајдете не на следниве мрежи: