Млади кинематографери од Финска и Унгарија претставени на „Браќа Манаки“, оскаровецот Алан Старски држи предавање за филмска сценографија

ИФФК „Браќа Манаки“ со задоволство ве известува дека на денешната прес конференција на ИФФК „Браќа Манаки“, директорот на фестивалот Благоја Куновски и уметничкиот директор Гена Теодосиевска  претставија уште тројца кинематографери од помладата генерација, чии филмови се дел од Главната компетиција и програмата „Перспективи на европскиот филм“.Фестивалот е домаќин на кинематограферот Јани Петери Паси од Финска, кој работел на филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“, како и на младите кинематографери Давид Гајч и Акос Ковач од тимот на филмот „Не е времето на мојот живот“ на унгарскиот режисер Заболч Хајду. И двата филмови котираа одлично на европските филмски фестивали оваа година.
Јани Петери Паси  веќе осум години работи во тандем со режисерот Јухо Куосманен, а нивниот последен филм „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ е добитник на признанието „Un certain regard“ на овогодинешниот кански филмски фестивал. Во филмот се раскажува приказната за боксерот Оли Маки, кој се соочува со растргнатост помеѓу професијата и љубовта на неговиот живот. Филмот во пост-продукција е изведен во црно бело, со цел да се долови атмосферата од минатиот век.
– Најпрво мислевме дека ќе го снимаме филмот во боја, но кога отидовме со материјалот во студиото за пост-продукција во Стокхолм, сфативме дека е нужно филмот да биде црно- бел, во спротивно немаше да се долови периодот од минатиот век кој го прикажува – објасни Паси.
Јани Петери Паси говореше и за предизвиците на филмската индустрија во Финска.
-Финска е мала држава, а филмовите обично не добиваат големи буџети. И покрај тоа, среќни сме што годишнно имаме  15 премиери, што може да се смета за добар успех- вели Паси.
По разговорот со Јани Петери Паси, Гена Теодосиевска ги претстави младите унгарски кинематографери Давид Гајч и Акос Ковач. Тие во тим од 13 кинематографери работеа со режисерот Заболч Хајду на нискобуџетниот филм „Не е времето на мојот живот“, кој ја добија главната награда „Кристален глобус“ на фестивалот во Карлови Вари.
Тие објаснија дека иако работеле во тим од 13 кинематографери, сепак во филмот нема никаква неконзистентност.  
-Искрено, беше малку чудно тринаесет кинематографери да снимаат еден филм. Секој ден по еден од нас снимаше, а останатите работеа како техничка поддршка. Филмот го снимивме за три недели, во станот на Заболч. Практично живеевме кај него дома и бевме како дел од неговото семејство, кое патем глуми во филмот – вели Акос Ковач.
Ковач додаде дека Заболч Хајду според него е еден од најголемите унгарски режисери на денешницата, па на почетокот како штотуку завршени студенти биле малку уплашени од помислата дека ќе работат со него.
-Чувството на страв дека работиме со едно такво големо име исчезна по неколку дена и сите ние многу уживавме во текот на снимањето – вели Ковач.  
Филмот е направен со многу низок буџет од околу 10 000 евра, бидејќи режисерот имал несогласувања со Министерството за култура во Унгарија, објаснија младите кинематографери.  
-Заболч и Министерството за култура во Унгарија не се согласуваат баш најдобро, па кога побара да направи филм не доби пари. И покрај тоа, сепак го напиша сценариото и направи театарска претстава  која што беше доста успешна. Потоа ни предложи нас да направиме филм и ги замоли неговите пријатели и семејството да глумат во него. Немавме ниту професионална опрема, па понекогаш осветлувавме со лампи од „ИКЕА“, но најчесто работевме со природна светлина – вели Акос Ковач.
Давид и Акос беа видно задоволни што добија можност да гостуваат на „Браќа Манаки“ и истакнаа дека Битола е преубав град и би сакале повторно да го посетат, а можеби и да снимаат филм овде.
Околу перспективите на младите филмаџии во Унгарија, кинематограферите објаснија дека во изминатите неколку години постојат добри програми за финансирање на млади режисери. Секоја година по неколку режисери кои што ги завршиле своите студии и успешно аплицирале за грант, добиваат околу 100.000 евра за да снимат филм.
Давид Гајч и Акос Ковач се надеваат дека филмската индустрија во Унгарија е на добар пат и дека младите генерации ќе го вратат сјајот на унгарскиот филм.  
Денеска, во рамки на фестивалските настани, се одржа и презентација на потпрограмата МЕДИА од програмата Креативна Европа на ЕУ, наменета за европската аудиовизуелна индустија и поддршка на европските филмските работници за развој на нови филмски проекти.
Македонскиот деск на МЕДИА програмата го претстави Владимир Стојчевски, кој потенцираше дека Македоинија е членка на МЕДИА од 24 јули 2015 година, додека со конкретни проекти  почна да функционира од 1 април 2016. Тој ја објасни процедурата за аплицирање на проекти за поддршка од потпрограмата МЕДИА и најави дека на 14 септември ќе биде отворен ден на МЕДИА во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“. Инаку, Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки и Македокс се двата фестивали што годинава добија поддршка од оваа европска програма.
Грациела Билдесхајм, експерт за оценување на проектите кои ја добиваат поддршката на МЕДИА програмата, одржа работилница, на која даде поширока слика за филмските проекти што аплицираат за програмата и кои треба да се базирани на продукциска основа што се потпира на универзални правила. Таа е претставник на тренинг програмата МАИА која ги обучува филмските продуценти како се одвива продукцискиот процес на филмот. Билдесхајм ги опфти сите аспекти на продукцијата од идеја за снимање филм до обезбедување поддршка за разој на проект.
Светски познатиот филмски сценограф, оскаровецот  Алан Старски, кој гостува во рамките на програмата „Првите филмови први“, организирана во соработка со Гете Институтот, денеска одржа мастер клас, на кој, на студентите, младите режисери  и сите заинтересирани им презентираше различни аспекти на современата филмска сценографија во рамки на продукцијата на филмовите. Алан Старски е добитник на Оскар за сценографијата на филмот „Шиндлерова листа“.
Македонското здружение на кинематографери, како дел од Друштвото на филмски професионалци на Македонија е  домаќин на дводневното ИАГА 2016, годишно собрание на Меѓународната федерација на кинематографери – ИМАГО, кое денеска и утре се одржува во Битола, во рамки на фестивалот. Утрово, собранието започна со работа, а делегатите, повеќе од 50 на број, ги поздравија Благоја Куновски, директор на фестивалот и Гена Теодосиевска, уметнички директор и на претставниците на асоцијациите на кинематографери им посакаа плодна и успешна работа.
Големо внимание и посетеност како и секогаш на фестивалот „Браќа Манаки“ привлекуваат и проекциите на филмовите од Детската програма кои годинава се збогатени со претстави, кои децата ги подготвуваат за фестивалот.Фестивалот е домаќин на кинематограферот Јани Петери Паси од Финска, кој раб

Пронајдете не на следниве мрежи: