среда, 11 ноември 2026
Најново

Младите го повикаа Жерновски да го напушти Боровец и заедно да санкаат по неисчистените улици во Центар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Улиците во Општина Центар изгледаат како да се дел од некое зимско одморалиште или ски центар, а не како урбана општина.
 Откако снегот повторно направи нова покривка во текот на ноќта, утрово центарци се разбудија во Ски-Одморалиштето Општина Центар.
 
Низ улиците во Центар граѓаните не можат да се движат, бидејќи не се исчистени и не се проодни.
 
Центарци се нервозни, не можат да ги извршат секојдневните обврски, а единствено на неисчистените улици се радуваа децата бидејќи можат да ги извадат санките и се санкаат.
Па така младите од општина Центар го повикаа Жерновски да го напушти Боровец, да дојде и со нив да се санка по неисчистените улици.Откако снегот повторно направи нова покривка во текот на ноќта, утрово центарци се разбудија во Ски-Одморалиштето Општина Центар.
 

Поврзани вести