МНР на Русија: Да се почитува волјата на гласачите во Македонија

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија на 11 декември 2016 година, и покрај исклучително напнатата политичка ситуација, се одржаа во мирна атмосфера. Меѓународните набљудувачи, меѓу кои беше и група руски претставници, не регистрираа битни повреди на универзално прифатените стандарди, оцени денеска Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.Според резултатите, се додава, ниту една политичка партија не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.
– Ги повикуваме сите политички сили во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат во рамките на Уставот,  и да ги избегнуваат контрапродуктивните надворешни влијанија при формирањето на новата влада. Веруваме дека македонските политичари се свесни за степенот на одговорноста за зачувување на стабилноста во Македонија и меѓуетничката хармонија, кои се неопходен фактор за мир во целиот балканси регион, се потенцира во соопштението од Руското МНР.
Русија, како што се наведува во соопштението, очекува приоритетите на новата влада на Република Македонија да бидат избалансирани и да се фокусираат на зајакнување на мирот и безбедноста на европскиот континент.Според резултатите, се додава, ниту една политичка партија не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.
– Ги повикуваме сите политички

Пронајдете не на следниве мрежи: