Модната империја на Викторија Бекам

 
Викторија стана еден од најбараните дизајнери во светот благодарение на социјалните мрежи. Таа е постојано присутна на социјалната мрежа Инстаграм. Покрај тоа, таа обожува да слуша музика додека дизајнира облека. Ви пренесуваме дел од интервјуто на Викторија Бекам со популарниот веб-портал mashable.com.
  
Што мислите, кој во светот на технологијата најмодерно се облекува?
Бекам: Има толку многу неверојатни луѓе во светот на технологијата чии стилови ми се допаѓаат. Би ги издвоила Шерил Сандберг со која работев на кампањата Банбоси, и Џек Дорси, кој ми е мошне интересен.
Учествувавте во Банбоси кампањата. Во овој свет на брз живот и технологија, каков совет би им дале на младите девојки кои сакаат да станат лидери?
Често велам дека најдобриот совет е да се стекнете со што повеќе искуство од соодветната област. И секако, да го сакате тоа што го работите. Така јас успеав во мојата кариера, што е евидентно во Проектот за соработка на Скајп. Се надевам тоа е доволен поттик за останатите.

 
Зошто склучивте партнерство со Скајп и како Скајп го подобри вашиот работен и приватен живот?
Јас сум мајка на 4 деца и успешен дизајнер. Скајп ми помага да се поврзам со луѓето од работа, како и со моите блиски кога сум во различни градови. Јас сум визуелец, а дизајнирањето е работа која се потпира ан визија, па оттука користењето на видео комуикација е клучно.
Вашата електронска продавница беше лансирана пред да поседувате дуќани низ светот. Дали мислите дека вашето дигитално присуство е исто така важно како и реалното присуство на работното поле?
Да, сметам дека и двете работи се важни. Решивме прво да отвориме електронска продавница поради заинтересираните потрошувачи на глобално ниво. Тој веб портал им овозможува на моите клиенти да ги видат моите дизајни низ моите очи. Сега се подготвувам за отворањето на мојата прва продавница во Лондонд, и многу сум возбудена за тоа како луѓето ќе реагираат на тоа.

Кога започнавте да користите социјални мрежи.
Моето пров искуство со социјалните мрежи датира од 2010 година, кога го отворив мојот профил на Твитер. Твитер ми беше како писта за полетување кон останатите социјални мрежи во целина. Денес членувам дури на седум,и обожувам на таков начин директно да комуницирам со моите фанови.
  
Што мислите, кој во светот на технологијата најмодерно се облекува?
Бекам:

Пронајдете не на следниве мрежи: