Модриот патлиџан го штити срцето

Модриот патлиџан е вистинска ризница на витамини и минерали, поради што за неговата лековитост се зборувало уште пред 3 илјади години.Овој зеленчук изобилува со витамин Ц и комплекс од витаминот Б, како и калциум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, манган итн. Сето ова го прави модриот патлиџан намирница која го штити срцето, нервните клетки и коските, го нормализира крвниот притисок и ја “напаѓа” анемијата. 
Горките соединенија во патлиџанот ја подобруваат дигестијата и ги ублажуваат грчевите во желудникот и цревата, а поради ниската калориска вредност, тој се препорачува за лица кои имаат вишок килограми и дијабетичари. Големата количина на пектин влијае врз намалување на холестеролот.
Освен тоа, модриот патлиџан содржи сапонин – состојка која поседува антиалергиски, антиоксидативни, антиканцерогени и антивоспалителни својства.
Истражувањата покажале дека модриот патлиџан содржи и биофлавоноиди кои ги штитат клетките од оштетување и разни канцерогени заболувања.
Со цел да бидете сигурни дека во организмот внесувате свеж модар патлиџан, секогаш внимавајте на тоа неговата боја да е темновиолетова и да има цврста петелка.
 Овој зеленчук изобилува со витамин Ц и комплекс од витаминот Б, како и калциум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, манган итн. Сето ова го пра

Пронајдете не на следниве мрежи: