Моќта има нова димензија

Loading...

Sony Xperia Z1, најдобриот смарт-телефон на Sony  Големото продолжение на 5-инчниот Sony Xperia Z отсега e достапно и на нашиот пазар под ново име – Sony Xperia Z1. Она што овој смарт-телефон го прави посебен се неговите карактеристики, уникатниот изглед, изненадувачката моќ, како и врвната практичност.
Како и своите претходници, Sony Xperia Z1 е отпорен на вода и прашина, што го прави совршен за какви било надворешни влијанија. Овој смарт-телефон е сертифициран за издржливост под вода дури на длабочина до 1,5 метри, и тоа во времетраење од 30 минути. Тој е отпорен и на прашина, што е потврдено со IP55 и IP58 рејтинзите за издржливост и отпорност.  
Производителот Sony овој модел го карактеризира и како „Omni-Balance“, што се однесува на способноста да балансира и да креира симетрија во секој негов функционален дел. Sony Xperia Z1 доаѓа со најновиот Qualcomm Quad-core Snapdragon 800 2.2 Ghz процесор и Android 4.2 оперативен систем. Исклучителна карактеристика на овој модел е Near Field Communication, која со само еден допир на екранот му овозможува на корисникот на брз и едноставен начин да ракува со приспособени ТВ-уреди или соодветни безжични звучници.

Она што Sony Xperia Z1 го прави премиум смарт-телефон е и камерата со 20.7 MP, надополнета со Sony G-леќи, како и BIONZ алгоритам за брзо процесирање фотографии дури и во поотежнати услови на светлина. Sony Xperia Z1 доаѓа со нова корисничка опфатнина на камерата, како и посебно копче за контролирање на брзината на блендата. Овој смарт-телефон се одликува и со 5-инчен Sony Triluminos дисплеј и X-Reality Engine, опции што го подобруваат прегледувањето видеа и фотографии.
Заоблените краеви и мазната сјајна површина на целиот модел се елегантно поставени во алуминиумска рамка која придонесува за исклучителна софистицираност. Металик-изгледот и поставувањето на копчето за старт на десната страна се детали инспирирани од дизајните на луксузните часовници, додека, пак, дополнителен дизајнерски момент кај Sony Xperia Z1 е тоа што тој е достапен и во две бои, црна и бела.
Sony Xperia Z1 има поддршка на самата батерија од 3000mAh, а по потреба ја вклучува и опцијата Battery Stamina, со која преоѓа во мирување со цел да се подобри издржливоста дури и до 4 пати повеќе од досегашните модели. Составен дел од софтверот се и Google апликациите, како што се Google Chrome, Google Play, Google Search (со звук), Google Maps и Google Talk.
Sony Xperia Z1, најдоброто од смарт-телефоните на Sony, можете да го најдете во продавниците на Vip по цена од 11.499 ден. со Vip Free+ NoLimit+ тарифен модел. Како подарок, добивате и Smart Headset слушалки за одличен звук.  
 Големото продолжение на 5-инчниот Sony Xperia Z отсега e достапно и на нашиот пазар под ново име – Sony Xperia Z1. Она

loading...
Loading...