Момче загина утринава во тешка сообраќајка

Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3.30 часот, кај местото викано Арсова Лака.– Во незгодата учествувале патнички автомобил марка „Сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од Неготино и патнички автомобил „Мерцедес” со скопска регистрација, управуван од 65-годишниот Ѓ.Ч од Скопје, соопшти Додевски.
Возачот на Сеатот починал на лице место, а возачот на Мерцедесот со тешки телесни повреди бил префрлен во Општа болница Кавадарци.
Претходно, синоќа околу 20.30 часот, се случила уште една сообраќајка на територијата на општина Неготино, во близина на селото Криволак.
– Патнички автомобил со швајцарски регистарски таблички управуван од 35-годишниот М.Н. од Криволак, излетал од патот, при што возачот се здобил со телесни повреди. Во возилото имало двајца сопатници. Едниот се здобил со телесни повреди, а другиот не. Повредените биле однесени во болница, па биле пуштени на домашно лекување, рече Додевски.– Во незгодата учествувале патнички автомобил марка „Сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од

Пронајдете не на следниве мрежи: