МОН: Кога СДСМ можеше да направи нешто за унапредување на образовната инфраструктура, приоритетите беа сосема други

Денешната изјава на Петар Атанасов од СДСМ дадена во Тетово, не претставува никаква поддршка за учениците од тетовската гимназија, туку обична активност за лична политичка промоција и обид за собирање на ситни дневно политички поени на грбот на учениците. Затоа што, кога СДСМ имаше можност да направи нешто во насока на унапредување на образовната инфраструктура, приоритетите беа сосема други, реагираат од Министерството за образование и наука.-Министерството за образование и наука уверува дека општина Тетово како и досега, продолжува да биде една од општините каде ќе се спроведува интензивна инвестициска активност и во таа насока, информираме дека во следниот период, по обезбедувањето на чиста локација и градежна дозвола од страна на општината и надлежните институции, ќе биде распишана тендерска постапка за изработка на проект за надградба на постојниот училишен објект, а потоа и постапка за избор на фирма изведувач на градежните активности. Со ова решение ќе се излезе во пресрет на сите сегашни и идни генерации ученици во училиштето, каде даваме максимална поддршка за задржување на мултикултурализмот и мултиетничкиот карактер на образовниот процес, стои во реакцијата од МОН.
Апелираме, се додава во реакцијата, до претставниците на СДСМ во иднина да ги почитуваат принципите на етичност, морал и одговорност при своите политички настапи и да престанат со злоупотребите и инволвирањето на учениците во дневно политичките битки.-Министерството за образование и наука уверува дека општина Тетово како и досега, продолжува да биде една од општините каде ќе се спроведува интенз

Пронајдете не на следниве мрежи: