Монахињи по грешка им пуштиле филм за возрасни на деца од основно училиште

Пред учениците од основното училиште „Фарина“ во италијанскиот град Виченца во областа Венето по грешка бил пуштен порнографски филм, соопштија денеска локалните медиуми.Училиштето е под патронат на женски католички ред, но освен монахињи во него работат и световни лица.
На сите ученици од петто одделение им биле поделени исти УСБ-а, на кои требало да снимаат аудио и видео докуманти, што им биле потребни за наставата. На еден од часовите требало да им биде прикажан видео материјал од концерт на еден ученик. Учителката го активирала неговиот стик и на електронската  табла пред 29-темина ученици се развиорила порно сцена.
Монахињите објавија официјално извинување и објаснување дека стикот не бил од марката што е користената во училиштето и дека на ученикот му бил даден од неговите родители.
Тоа, меѓутоа, не ги смирило дел од разбеснетите претставници на родителското тело, кои соопштиле дека ќе ја тужат училишната управа.
Директорот на училиштето реагирал под итно, договарајќи средба на родителите со психолог, кој ќе ги подготви какви одговори да им дават на своите деца ако тие продолжат да поставуваат прашања околу порно настанот.Училиштето е под патронат на женски католички ред, но освен монахињи во него работат и световни лица.
На сите ученици од петто одделение им

Пронајдете не на следниве мрежи: