Монструм: Силувал инвалид и ја терал да проси!

Србин наводно веќе подолго време тепал и сексуално злоставувал немоќна девојка.Државјанин на Србија (34), бил уапсен во Бари поради сомневање дека повеќекратно ја силувал и приморувал својата девојка со инвалидитет да пита.
„Девојката во саботата седела во инвалидска количка и просела. Срамежливо мафтала со рацете со цел да го привлече вниманието на полицајците кои поминувале покрај неа. Таа им раскажала дека партнерот ја терал со часови да проси, заканувајќи се дека ќе ја убие, како и дека ќе им наштети на членовите од нејзиното семејство“, пренесуваат италијанските медиуми.
„Итната помош веднаш ја пренесе девојката во болницата. Утврдено е дека насилникот ја силувал ноќта пред пресудниот момент кога таа конечно собрала храброст и им се пожалила на полицајците. Таа имала модринки по телото и забот и бил скршен како последица од секојдневните малтретирања“, наведуваат медиумите.Државјанин на Србија (34), бил уапсен во Бари поради сомневање дека повеќекратно ја силувал и приморувал својата девојка со инвалидитет да пита.

Пронајдете не на следниве мрежи: