Морбидни знаци дека во вашата куќа живеат духови: Ако ви се случува ОВА, значи дека ве посетуваат мртовци!

Повеќе од 60 одсто од вдовиците доживеале паранормално искуство во кои им се јавиле починатите, покажало истражувањето на Џекелин Хејс од Универзитетот Милано.Луѓето почувствувале мириси, допири, слушале гласови и доживеале визија за своите најдраги. Некои веруваат во духови други тоа го нарекуваат глупост. Меѓутоа постојат сведоштва од луѓе кои имале духови во своите куќи.
Често велат дека имале чувство дека не се сами и дека некој ги гледа, стои до нив или им ја допира косата.
Таканаречените експерти за паранормални работи наведуваат 10 индикации кои може да откријат дека во вашиот животен простор се јавуваат духови.
1. Необични звуци
Овде не станува збор за повремен и редок звук кој го слушате како последица на инсталација или пак некој друг извор за кој постои логично објаснување. Бројни куќи па и станови имаат дрвени делови кои сами произведуваат звуци, но ако се некои звуци специфични и се повторуваат, тогаш може да има причина за грижа. Тие можат да бидат симптом на присутност на натприродна сила во вашиот дом, особено ако чуете необјасниви чекори, гласови, отворање врати , тропање и слично – кои не се од човечко или животинско потекло и немаат познат извор. Тогаш постои знак дека таа просторија е проколната.
2. Работи кои се вклучуваат и исклучуваат сами од себе
Духовите наводно ја огласуваат својата присутност преку делување врз електриката – на пример вклучување и исклучување, расипување сијалица, вклучување и исклучување на телевизор или радио – по нивна волја.
3. Предмети кои се движат
Левитација или насилно фрлање, т.е. предмети кои само летаат низ куќата без очигледна причина секако се причина за добро размислување околу присутноста на паранормални појави. Голем број луѓе кои имале вакви појави побарале помош од свештеник или друг експерт.
4. Работи кои исчезнуваат
Овде не станува збор за работи кои исчезнуваат пред ваши очи, туку за работи кои стојат на видливо место а кога повторно ќе ги погледнете, повеќе ги нема а притоа никој од домашните не сокрил. Според објаснувањата на луѓето кои се занимаваат со истражување на натприродни сили станува збор за намерна игра на духовите или слични појави во кои тие сакаат да ги заплашат домашните. На пример сликата која стои во рамка на комодата, одеднаш може да се најде на креветот.
5. Случајни сенки
Хорор филмовите често го земаат овој мотив, но тоа е еден од најчестите симптоми кои ги пријавуваат луѓето тврдејќи дека имаат работа со духови – станува збор за необјасниви силуети на ѕидовите кои најчесто попримаат човечки облик и потоа исчезнуваат.

 
6. Застрашувачки натписи и симболи
Одите во тоалетот во новата куќа или стан и на огледалото или ѕидот пронаоѓате со рака испишана порака „губете се надвор“, најчесто логично објаснување е дека некој се поигрува со вас. Но, ако пораката исчезне сама од себе, тоа секако дека може да биде причина за загриженост од појава на духови.
7. Необично однесување на животните
Познато е дека животните имаат значајно подобар инстинкт од луѓето, бидејќи тој често им го спасува животот. Подеднакво така се верува дека домашните миленици можат први да забележат паранормални појави во домот, а на тоа ќе укажат со своето необично однесување во ситуации кои не се типични за нив.
8. Измислени другари
Ако вашите најмлади поминуваат низ фазата на измислени пријатели, тоа не е ништо необично и се смета за фаза на нормално растење. Но ако трае тоа подолго време и детето изгледа престрашено со таа појава, има ноќни мори и слично – тоагаш тоа може да биде знак на присутност на дух кој цели кон детето како „лесна мета“.
9. Чувство дека некој ве допира
Експертите тврдат дека кај оние луѓе кои чувствуваат допири на својата кожа, трпки и слични појави, постои ризик од агресивен облик на паранормални појави кои сепак не може да му наштетат на човекот, но можат на тој начин да ја нагласат својата присутност.
10. Ладни места
Овие таканаречени експерти за паранормално, најпрво истражуваат во проколнати домови, мерејќи ја температурата на сите простории и делови од станот. На места каде што се јавуваат духовите по правило е значајно поладно и поветровито, што го објаснува чувството за морбидност кај присуството на духови. Температурата тука е наводно и преку 10 степени Целзиусови пониска од другите места, поради што може да се забележи и одраз на човечки здив. Луѓето почувствувале мириси, допири, слушале гласови и доживеале визија за своите најдраги. Некои веруваат во духови други тоа го нарекуваат глупос

Пронајдете не на следниве мрежи: