МРТ во голема потрага по талентирани пејачи со шоуто „Сите наши песни”

Македонската радио телевизија (МРТ) преку аудиција започнува потрага за талентирани вокали за најграндиозното музичко телевизиско шоу под наслов „Сите наши песни“.Потрагата по нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од два града во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од македонската музичка сцена.„Веруваме дека низ цела Македонија, има многу музички вокални таленти и веруваме дека сите тие треба да добијат можност за сопствена афирмација. Токму затоа Македонската радио телевизија го направи ова шоу, за забава на гледачите но и за потрага по нашите скриени таленти. За таа цел објавивме аудиција на кандидати за учество во натпреварувачката шоу програма. Таа ќе трае до 210ви февруари, по што ќе следи селекција на пријавените во студијата на МРТ. Очекуваме да се пријават млади кои би сакале да бидат идни ѕвезди на Македонија и најталентираните да ги наградиме“, рече Мери Попова, уредник на културно уметничката програма на МРТ.Специфично за ова шоу е тоа што е тематски дефинирано односно во секоја емисија ќе се изведуваат најголемите хитови на сите времиња од македонската забавна музика, во живо со придружба на фантастичниот Биг бенд состав.„Шоуто ‘Сите наши песни’ воедно е проект на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската музика. Ова е само еден од начините за зачувување на македонскиот музички израз и едуцирање на младите за богатата музичка историја што ја поседуваме. Тоа е наша обврска и заложба како јавен национален сервис“, дополни Попова.Домаќини во музичката арена ќе бидат познатите Каролина Петковска и Димитар Атанасовски. Сите заинтересирани, кои имаат над 16 години можат да пополнат апликации за учество на интернет страната на МРТ: www.mrt.com.mk
МакфаксМакедонската радио телевизија (МРТ) преку аудиција започнува потрага за талентирани вокали за најграндиозното музичко

Пронајдете не на следниве мрежи: