Му дозволила на момчето да спие со друга девојка

Ми се извини и ми кажа дека никогаш тоа не би го направил да знаел дека ќе бидам толку вознемирена.Една 30 годишна девојка на своето момче му дала дозвола да има секс со девојката во која бил заљубен, а потоа поради таа одлука зажалила.
-Почнав да излегувам со човек кој сега е љубовта на мојот живот. Одлучивме да не бидеме во врска. Тој е многу сексуално и емоционално зрел, не е љубоморна личност. Јас сум многу несигурна и цело време се грижам дека било кој партнер кој го имам ќе најде некоја подобра и ќе ме остави… Главно затоа што мислам дека поголемиот број од жените се поубави, поинтересни и поуспешни од мене. На терапија се обидувам да работам на мојот проблем со љубомората, вели таа.
Како што вели таа, тој бил во својот роден град и сакал да се забавува со девојката за која мечтаел во средното училиште.
-Ден пред да се случи тоа ми се јави и ме праша дали би било во ред да спие со неа. Сакав да бидам кул, па му дадов благослов. Ми кажа дека сум сјајна и дека станува збор само за секс… Следниот ден ми се јави и ми кажа: „Ок, таа е под тушот во својата хотелска соба. Се уште можам да се откажам ако не ти е лесно“. Му кажав да не се откаже, вели таа.
Таа вели дека следните еден час се чувствувала како да има нешто во градите, чекајќи да се јави и замислувајќи го сексот.
-Ми се јави околу 2 часа подоцна. Мислеше дека сум во ред, па ми раскажа детали. Најлошиот дел не беше сексот, туку што се бакнувале и милувале некое време после тоа. Се масирале и си ги милувале телата. Успеав да се воздржам на телефон, но бев скршена. Кога се врати му реков дека иако идејата била добра на почетокот, веќе не е. Бев љубоморна, ранлива и со скршено срце, вели оваа жена во својата исповед.
Ми се извини и ми кажа дека никогаш тоа не би го направил да знаел дека ќе бидам толку вознемирена.
-Работата е во тоа што му кажав да го направи тоа и не го обвинувам. Пет месеци подоцна се уште ме јаде тоа понекогаш. Разговараат и се допишуваат, нормално за два стари пријатела и не прашувам за што зборуваат, ниту гледам во неговиот мобилен, но само штом го слушнам нејзиното име, чувствувам дека нешто ме стега во градите и сите чувства се враќаат, вели својата жена во оваа исповед.
Таа вели дека пет месеци подоцна пијана ја побарала на Фејсбук и решила да и прати порака.
-Беше тоа поприлично пријателска порака,  во која кажав дека сум била негова девојка и дека знам дека имале секс. И признав и дека се уште сум љубоморна неа и дека сум помислила дека ќе ми биде подобро ако ја запознаам. И напишав и дека нема никаква одговорност да ми одговори. Изгледа не користи Фејсбук, затоа што не ја прочитала пораката. Чувствувам дека нешто ме стега во градите и тотално ми е жал поради тоа. Да бар можам да го вратам времето… Се чувствувам како глупо, а имам 30 години, вели оваа жена во својата исповед.Една 30 годишна девојка на своето момче му дала дозвола да има секс со девојката во која бил заљубен, а потоа поради таа одлука зажалила.

Пронајдете не на следниве мрежи: