Му го украл телефонот, го препишал именикот на лист хартија и му го пратил на сопственикот

Откако му се заканил на крадецот преку порака испратена на бројот на својот украден телефон, сопственикот доби писмо со именик од 1.000 броеви испишани на хартија.Кинески крадец ги препишал броевите од украдениот Ајфон и му ги пратил на сопственикот на 11 страници рачно напишани, пренесуваат кинеските медиуми.
Се претпоставува дека Жу Бин е ограбен додека се возел во такси со уште еден патник. Жу имал скоро 1000 броеви во именикот на телефонот, но немал резервна копија па повеќе се грижел за оваа листа отколку за телефонот.
– Знам дека ти си, оној кој седеше до мене. Ти ветувам дека ќе те пронајдам. Погледни ги контактите во мојот мобилен, и ќе сфатиш со каква работа се занимавам, – напишал Жу во пораката која ја испратил на бројот на украдениот телефон.
Жу работи во угостителска индустрија, која во Кина обично се поврзува со бандите, а со оглед на тоа дека неговата порака беше заканувачка, крадецот се одлучи да му излезе во пресрет.
Неколку дена подоцна му стигнало писмо со SIM картичката и 11 страници рачно испишани телефонски броеви имиња и останати податоци.
Еден корисник Weiboa на кинеската верзија на Твитер, напишал: „Колку симпатичен и совесен крадец – еден од оние кои ја почитуваат професионалната етика“Кинески крадец ги препишал броевите од украдениот Ајфон и му ги пратил на сопственикот на 11 страници рачно напишани, пренесуваат кинеските медиуми

Пронајдете не на следниве мрежи: