????????: ????????? ??????????? ????? ???????? ??? ??????????? ?? ????????????????

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска соопшти дека на неколку дена пред изборите секојдневно се врши притисок врз вработените од јавната администрација. 
На прес-конференција Муцунски истакна дека притисоците се вршат од страна на граѓански организации и здруженија кои ги таргетираат и етикетираат административците, им се закануваат и ги потценуваат со цел, како што рече, да се надоврзат на партиската агенда која би обезбедила некој глас повеќе или би фрлиле некаква сенка на претстојното гласање.
– Во оваа синхронизирана активност на систематски притисок, сеење страв, несигурност и закани, покрај политичките партии од опозицијата и нивните претставници, непосредно се вклучени и граѓанските организации и здруженија кои наводно имаат за цел да ја следат регуларноста на изборите, рече Муцунски.
Тој додаде дека до нив секојдневно пристигнуваат реакции од вработените кои информираат дека добиваат персонализирани писма, а пред самите институции се делат летоци во кои се искажуваат отворени закани дека ќе бидат водени кривични постапки и санкции.
– Сите вработени кои се чувствуваат загрозени од ваквите политички активности на некои партии и невладини организации да испратат пријави за заканите до Државната изборна комисија, Народниот правобранител, Јавното обвинителство и Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Неопходна е сериозна истрага од каде една невладина организација располага со база на податоци во кои се содржани сите лични податоци на јавната администрација, рече Муцунски.
Тој упати апел и до сите оние кои вршат вакви притисоци, да престанат со ваквите активности врз вработените во државната и јавната администрација.
  
На прес-конференција Муцунски истакна дека притисоците се вршат од страна на граѓански организации и здруженија кои ги таргетираат и

Пронајдете не на следниве мрежи: