Муцунски: Со програмата „Реално“ предвидено е вработување на 100-те најдобри студенти

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ заедно со кандидатите за пратеници од ИЕ 2 Бојан Стојаноски и Весна Дамческа – Илиевска денес се сретнаа со младите од општина Бутел при што разговара за реформите и проектите кои ВМРО – ДПМНЕ ги спроведува во образовниот систем во Република Македонија.-Со новата програма на ВМРО – ДПМНЕ предвидовме сите оние студенти кои се запишани во приватна квота, доколку остварат висок среден успех, да им се овозможи трансформација на студентскиот статус поточно од приватна квота да се префрлат во државна квота. Исто така предвидовме проект со кој ќе се овозможи, најдобрите 100 студенти од петте најдобро рангирани државни универзитети да се вработат во органите на државната управа, истакна Муцунски.
Со новата Програма Реално предвидени се низа други проекти за млади од најразлични сфери на животот на младите луѓе. Предвидено е изградба и реконструкција на спортски сали, модернизација на четири фудбалски стадиони, изградба на 120 тениски терени, изградба на скејт паркови, 500 стипендии за млади талентирани спортисти, оформување на младински инфо центри – канцеларии за млади, грантови за велосипеди итн.
-ВМРО – ДПМНЕ овозможи секој млад човек да студира и да се самонадградува во своето родно место. Во многу градови се отворија дисперзирани дипломски студии, покрај ова се намали и партиципацијата со што високото образование стана достапно за секој млад човек, истакна Стојаноски.
Покрај овие проекти кандидатите за пратеници ги истакнаа реконструкциите на старите и дотрајани училишта и изградбата на нови училишта со кои се овозможува младите да се образуваат во модерни установи.-Со новата програма на ВМРО – ДПМНЕ предвидовме сите оние студенти кои се запишани во приватна квота, доколку остварат висок среден успех, да

Пронајдете не на следниве мрежи: