петок, 27 ноември 2026
Најново

Мухамеди: Ахмети игра лукаво и ќе донесе одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 
 
 
 
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, води една лукава политика која на крајот ќе резултира со одлука да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, нагласува политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди.
 
 
 
 Според него, во донесувањето на конечната одлука Ахмети ќе се води од разумот, а тој вели дека во овој момент за ДУИ е подобро да ја задржи актуелната владина коалиција.
– Албанците не треба да се влечат ни зад СДСМ ни зад ВМРО-ДПМНЕ. Но, во последно време СДСМ се обидува да ги употреби Албанците против Македонците и обратно. Ахмети сепак ќе одигра лукаво и ќе донесе одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ – анализира Мухамеди за Телеграф.мк.
Тој е дециден дека во најлоша варијанта Ахмети би прифатил некаква техничка влада или нови избори, но не и коалиција со СДСМ.
– Иако се мисли дека ДУИ на овие избори освои помалку пратеници, тоа не е точно бидејќи ако се одземат гласовите на Албанците што отидоа кај СДСМ, односот помеѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно седум-осум пратеници – вели Мухамеди.

Според него, малку е веројатно дека овој пат странскиот фактор ќе се меша во составувањето на владата и ќе го поздрави финалниот договор.
Според него, во донесувањето на конечната одлука Ахмети ќе се води од разумот, а тој вели дека во овој момент за ДУИ е подобро да ја задржи актуелн

Поврзани вести