Мурињо: Дали ќе останам во Реал? Можеби нема

По испаѓањето во полуфиналето од Лигата на шампионите од германскиот претставник Борусија Дортмунд во вторникот навечер, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо во изјавите се поигруваше со инсистирањата на новинарите дали ќе остане во Мадрид или ќе замине повторно во Англија.На прашањата на новинарот на англиската ITV дали ќе остане во Реал, Португалецот одговорил: „Можеби нема. Сакам да бидам каде што ме сакаат луѓето. Во Англија ме сакаат, особено во еден клуб, ме сакаат навивачите, ме сакаат новинарите. Во Шпанија се поинаку, некои луѓе ме мразат“, рекол Жозе Муриња.Меѓутоа, малку подоцна за Sky Sports изјави дека го сака Реал и неговиот претседател, „Имам договор со Реал, сакам да ја водам екипата во финалето од Купот на кралот и да бидам втор во првенството. Го сакам клубот и неговиот претседател и поради тоа тешко ќе биде да се донесе одлука“, рекол Мурињо.Бекот на лондонски Челзи, тимот кој порано го водеше Португалецот, српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ изјави дека одвај го чекаат враќањето на Мурињо.„Засега нема потврда дека се враќа на Стенфорд Бриџ, но сите играчи тоа го сакаат, бидејќи тој е еден од најдобрите тренери на светот. Сите во клубот одвај го очекуваат враќањето на Мурињо“, изјави Ивановиќ за српските медиуми.
МакфаксПо испаѓањето во полуфиналето од Лигата на шампионите од германскиот претставник Борусија Дортмунд во вторникот

Пронајдете не на следниве мрежи: