Мурињо има проблем со шпанските новинари?!

Тренерот на екипата на англискиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, по поразот од екипата на Реал Мадрид, одговараше само на прашања на англиските новинари, додека пак на шпанските не.Жозе Мурињо има несогласувања со шпанските новинари за кои вели дека му измислиле наводен судир со Кристиано Роналдо.
Поразот од Реал Мадрид за Жозе Мурињо не е толку важен.
„Тоа е само пријателски натпревар, да изгубиме во Лигата на Шампионите тогаш би бил загрижен, вака мислам дека има прилика само да напредуваме и да ги поправиме грешките поради кои ги примивме головите“ изјави Мурињо по поразот од Реал Мадрид со 3-1.
Тренерот на Челзи не сакаше да одговара на прашања на шпанските новинари, наводно, тие му направиле сензационална невистина во целата спортска јавност, наводно бил во лоши односи со Кристиано Роналдо, што тренерот на Челзи целосно го негира.
„Јас го тренирам клубот од Англија и ќе одговарам само на прашања поставени од нивниот јазик. Тоа што сум рекол за Роналдо е искривено, се прави некоја сензационална невистина околу мене и него дека наводно имало огромни несогласувања“ вели Мурињо.Жозе Мурињо има несогласувања со шпанските новинари за кои вели дека му измислиле наводен судир со Кристиано Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: