Мурињо: Од Барселона научивме да не коментираме на судиски одлуки и да не симулираме

Тренерот на Реал Мадрид, португалецот Жозе Мурињо, повторно во иронична изјава правејќи разлика меѓу неговиот тим и тимот на Барселона, пред реванш-дуелот со големиот ривал изјави дека токму од нив научиле да не коментираат на судиски одлуки и да не симулираат.
Тензијата прво ја подигна заменик-тренерот на Барселона, Жорди Роура, кој изјави дека „се надева дека делегираниот судија Ундиано Маљенко нема да го упропасти натпреварот“, на што Мурињо имаше веќе подготвено одговор.
„Сакам да се придружувам на лекциите кои ги научивме од Барселона со текот на годините. Да не коментираме на судиски одлуки и да не правиме притисок врз нив, не бараме картони, ниту да симулираме за да изнудиме прекршок. И, секако, да играме фудбал, нешто што Барселона прекрасно го прави“ изјави Мурињо.
На првиот натпревар што се одигра на „Сантијаго Бернабе“, резултатот гласеше 1-1.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на Реал Мадрид, португалецот Жозе Мурињо, повторно во иронична изјава правејќи разлика меѓу неговиот тим и ти

Пронајдете не на следниве мрежи: