„Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека еден навивач поднел тужба против Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, поради наводно физички напад над него.
Мурињо во четвртокот навечер тргнал со своето семејство во шопинг во еден трговски центар, го прателе двајца телохранители. Личноста која го тужеше португалецот сведочи дека барал заедничка фотографија со него, Мурињо одбил и го удрил.
Лицето кое го тужи Мурињо тврди дека телохранителите на Мурињо му го зеле телефонот и му го фрлиле на подот. Наводно, според изјавите на лицето кое е наводно нападнато, се развила голема вербална расправија, па се повикало полиција.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.„Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека еден навивач поднел тужба против Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид,