Мурињо: Реал го спречува трансферот на Роналдо во Манчестер Јунајтед

Португалскиот стратег на англискиот премиерлигаш Челзи, за јавноста изјави дека кралскиот клуб е тој кој го попречува реализацијата на евентуалниот трансфер на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо е сигурен дека кралскиот клуб располага со фантастични финансиски средства, па така овој тим би можел да ја победи секоја понуда за Роналдо.
„Она што го знам, е тоа дека Реал Мадрид е толку богат тим што може да ја победи секоја понуда за Кристиано Роналдо“ вели Мурињо.
„Знам дека Кристиано Роналдо го сака Манчестер Јунајтед, тој ја сака и Премиер Лигата исто така, но верувам дека ќе остане во Шпанија, тоа е мојата претпоставка, не сме разговарале, ништо не ми кажал, едноставно тоа е само мое претчувство и претпоставка, ништо повеќе“ изјави Мурињо.Португалскиот стратег на англискиот премиерлигаш Челзи, за јавноста изјави дека кралскиот клуб е тој кој го попречува

Пронајдете не на следниве мрежи: