Муса Љамалари со порака до Груевски: Заев е нашиот спасител и добар визионер

„Албанската дијаспора уште еднаш Ве потсетува:1.На Македонија да и се смени името;
2.На Македонија да и се смени знамето химната и државниот грб;
3.Да започне процесот на регистрација на населението според европски стандарди и под надзор на ОБСЕ“,
Ова го пишува претседателот на албанската дијаспора Муса Љамалари во својата порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Љамалари нескриено се залага за федерализација на Македонија и тоа неколку пати во последно време го повторува во медиумите, нагласувајќи дека токму на таа тема разговарале со Зоран Заев од СДСМ. Заев, пак, на почеток на изборната кампања за овие избори во Берн, Швајцарија, пред албанската дијаспора понуди концепт за двојазичност и надминување на рамковниот договор, обвинувајќи ја Македонија за отворените спорови во регионот.
Љамалари сега со писмото го потсетува Груевски за што тоа, всушност се залага албанската дијаспора.
-Вие сте добро запознаени дека Албанците на дијаспората ги негираат изборите, исто како што ги негира и дијаспората која јас ја претставувам заедно со моите соработници. Исто така вие сте добро запознаени дека ние како дијаспора, за што се залагаме, нешто што во ниту случај не се разликува од барањата на Европската Унија и НАТО- наведува Љамалари.
Љамалари во писмото до Груевски Заев го опишува како спасител и добар визионер, но и потсетува на минатото, кое како вели, Албанците го имале со СДСМ.
-Значи и вие како и ние како дијаспора сме свесни дека Зоран Заев предводи политичка партија со граѓански концепт, со европските социјал-демократски начела, каде во нејзината програма нагласена е идејата за благосостојба на граѓаните. Ова не значи дека во минатото СДСМ се има држано до овие начела, каде нивните грешки под влијание на политиките на Милошевиќ, и ден денеска се во меморијата на Албанците и затоа со скептицизам се гледа на граѓанската опција на СДСМ и Зоран Заев- пишува Љамари во писмената порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од кого бара промена на името на Република Македонија и државните симболи.1.На Македонија да и се смени името;
2.На Македонија да и се смени знамето химната и државниот грб;
3.Да започне процесот на регист

Пронајдете не на следниве мрежи: