Музика за душа на Вино-Скоп 2014

Овогодинешното издание на реномираниот вински фестивал Вино-Скоп 2014 , покрај понудата на широка винска селекција , вкусна храна и апетисани , најавува и вистинска музичка експлозија која ќе ги задоволи дури и најистенчените вкусови на музичките љубители. Од 24 до 28 септември на плоштадот Карпошово востание , ќе имаме можност да уживаме во музиката на :Браќата Тавитијан и проектот македонското срце чука во 7/8 со изненадување-специјален гостин; Хроматик поинт – Етно Метал бенд чие време допрва доаѓа;  секогаш позитивната рокерка Дани Димитровска; Ххл- млад и перспективен рок бенд од Тетово; мајсторот на ноќните свирки- Бени Шакири и Нон Стоп; Тоа е тоа – бенд составен од  музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар; битолчаните Фолтин со универзалната музичка експертиза; ска панк бендот Офчестра од Приштина; Само Тони и Две Жени – лудо кабаре шоу – кавер и комедија; по пауза од скоро една деценија концерт на македонскиот срце кршач- Дарио; еден од доајените на македонската народна песна- Миле Кузмановски; Клевала македонски етно џез бенд; Митан проџект – обновена македонска народна музика со Андријана Јаневска и многу други македонски музички генијалци; двократните победници на Гуча, Србија – Уска Кан оркестра-прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014; Маријан Мониќ – млада ѕвезда oд хрватската естрада пратен од гитаристот Кристијан Ковач; незаборавните хит мејкери- Куку Леле; младата сензација- Бета Хаус; Благица Павловска-легендарната македонска фолк дива; актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф; како и Дј Тина-тематски целодневни забави; Чалгии и др.Вино Скоп e фестивалот кој секоја година ја одбележува есента во Скопје.По осми пат оваа година спремете се за будење на сите ваши сетила. Од 24 до 28 септември на плоштадот Карпошово востание , ќе имаме можност да уживаме во музиката на :Браќата Тавитијан и проектот македонското

Пронајдете не на следниве мрежи: