МВР уште не го расчисти случајот на претепаниот 68-годишен алпинист

Сѐ уште се на слобода активистите на СДСМ кои минатата недела во два одвоени случаи нападнаа две лица поради политички несогласувања.Според информациите, минатата среда, насилниците го нападнаа 68 годишниот алпинист Јован Поповски бидејќи во кафеана им рекол дека не е ниту вмровец, ниту предавник.
Според информациите, насилниците чекале да излезе од кафеаната по што го нападнале, нанесувајќи му тешки телесни повреди, кои повозрасниот скопјанец го врзаа за болничкиот кревет цела недела.
Во вториот случај, два дена подоцна активисти на СДСМ вооружени со безбол палки и фантомки на главите нападнаа маж од скопски Карпош додека се враќал од протестите пред ДИК нанесувајќи му телесни повреди.
Од МВР велат дека се работи и на двата случаи но се уште никој не е приведен. Од полицијата додаваат дека првиот случај се води како кривично дело чие расветлување го отежнува фактот што нападнатиот алпинист е во болница и не може да помогне во истрагата.
Веста за насилството во редовите на опозицијата предизвика бурни реакции во јавноста. Прв реагираше професорот Горазд Росоклија кој го осуди нападот. Со осуда се јави и професорот Цуцуловски кој настанот го нарече медиски срам.
-Исто така, извесно е дека скоро ниту еден, или буквално ниту еден медиум, наклонет кон опозицијата, не јави за овој настан. Барем јас, колку и да се обидував, не успеав да најдам таква информација. Кои се причините за тоа, не знам. Меѓутоа, знам дека ова премолчување ќе биде еден од најголемите срамови на дел од македонските слободни (или „слободни“) медиуми, кои би требале за сѐ да известуваат, особено ако се работи за значајна личност, напиша Цуцуловски на социјалните мрежи.Според информациите, минатата среда, насилниците го нападнаа 68 годишниот алпинист Јован Поповски бидејќи во кафеана им рекол дека не е ниту вмрове

Пронајдете не на следниве мрежи: