На 11 декември ќе се гласа за суверена и унитарна Македонија!

На 11 декември граѓаните ќе гласаат за политиката на суверена и унитарна Македонија, а не за бинационална држава, поделена и редефинирана. Оваа порака, на почетокот од изборната кампања ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на новата програма на владејачката партија.– Тоа што Заев го говори насекаде дека ќе ја променел од корен државата, воведувајќи албански јазик како втор службен јазик на целата територија, швајцарски модел што нели подразбира кантонизација, со евентуална промена на името и со ред други работи само го докажува она што јас го тврдев уште од почетокот на политичката криза во државата. Она што некои на момент го гледаа со скепса и двоумење мислејќи дека е само политичко дефокусирање, сега е очигледнно и јасно на секого. Она што натера еден број на луѓе да се посомневаат во нашата работа и фрли дамка на нашите личности претставувајќи не во нешто што не сме. Тоа е токму она што веќе е јасно како бел ден. Разврската односно целта на целата криза во која не втурна опозицијата пред точно две години, а со помош на разни разузнавачко криминогени структури од земјава и надвор, рече Груевски.
Груевски потсети на неговите изјави од минатата година, посочувајќи дека крајната цел на политичката криза е дестабилизација на државата, закрвување на граѓаните и редефиинирање на државата, воведување двојазичност на целата територија и промена на името.
– Тоа го говорев во моите настапи во текот на 2015-та и во текот на оваа година. Сега е јасно на сите дека целото сценарио кое започна пред двеипол години завршува токму со официјализирање на политиката за која се залага Заев кој е главен инструмент во ова сценарио. 11-ти декември е ден кога граѓаните референдумски ќе излезаат и ќе гласаат против ова сценарио, против оние кои сакаат да ја разнебитат државата, односно ќе гласаат за суверена и самостојна Македонија држава на македонскиот народ и останатите граѓани кои живеат во нејзе, албанци, турци, срби, роми, власи и останати, но не и за бинационална држава, поделена и редефинирана како што некој тоа го сака, ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија, порача Груевски.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, изминативе недели отворено ја заговараше идеја за редефинирање на државата по приципот на двојазичност.
Овие ставови на Заев предизвикаа остри реакции во насока дека крајната цел е продлабочување на кризата во Македонија и по изборите, анализира Сител. Денеска и голем дел политички партии повторно реагираат на изјавите на Заев. Социјалистите сметаат дека станува збор за крајно антидржавни политики.
МААК на Страшо Ангелковски пак оценува дека овие политики на СДСМ водат кон нов егзодус на Македонскиот народ.
ТМРО пак бара од СДСМ јавно да се изјасни, дали е за унитарна Македонија и дали е за двојазичност на целата територија на државата.
Сметаме дека Македонскиот народ, во предизборието има право да знае за каква држава се залагаат претендентите за носители на законодавната и извршната власт, и што се ветува на Албанскиот електорат а е на штета на  Македонските национални интереси, стои во реакцијата на ТМРО.
И демократската партија на Србите, смете дека изјавите на Заев се повик за директна политичка и економска дестабилизација на државата.
– Очигледно е дека во таа и таква вонинституционална рамка, надвор од Уставот на Република Македонија нема ниту место, ниту простор за елементарна егзистенција на припадниците на српската, но и на другите помали национални заедници, а како тргнала работата ниту за Македонија каква ја знаеме и живееме денес, стои во реакцијата на партијата на Стоиљковиќ.– Тоа што Заев го говори насекаде дека ќе ја променел од корен државата, воведувајќи албански јазик како втор службен јазик на целата територ

Пронајдете не на следниве мрежи: