На аболицираниот криминалец Зоран Заев му следи казна поради примање поткуп и насилство врз претставници на највисоките државни органи

Казна затвор од 5 години му следи на секој што прима поткуп. Ова го вели кривичниот закон на Република Македонија во членот 357. Казна затвор во времетраење од 4 години му следи на секој што ќе стори насилство кон претставници на највисоките државни органи. И ова дело е опфатено со кривичниот закон, членот 311, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Значи во моментов на аболицираниот криминалец Зоран Заев му следи вкупна казна од 9 години доколку биде прогласен за виновен за двете дела за кои е обвинет.
Јасно е зошто Заев е подготвен на секакви отстапки и секакви пазарења. Заев знае дека ја нема поддршката од народот. Знае дека изгуби на изборите на 11-ти декември и дека народот се спротистави на можноста аболицирани криминалци да ја водат државата. Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-поправниот дом Идризово.
На Заев не му е лесно. После 11-ти декември е во паника откако беше поразен од граѓаните. Аболицираниот Заев не спие мирно, но и не треба да спие мирно.
Правдата доаѓа. Тој е свесен дека откако ќе се отворат сомнителните тендери кои ги делеше по своето семејство во Струмица, на површина може да испливаат уште многу криминали.
Не е тука повеќе Бранко Црвенковски за да го аболицира за 8-те милиони евра во случајот „Глобал“, ниту пак може некоја нова Катица Јанева да го аболицира покрај евидентните докази кои ги знае целокупната јавност.
Заев ќе стори се за да ја сочува својата слобода. Може да бега, ама правдата ќе го стигне и него и членовите на раководството на СДСМ и останатите кои се огрешиле пред законот.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Значи во моментов на аболицираниот криминалец

Пронајдете не на следниве мрежи: